Едно лице загина и едно е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи предмалку кај Климештани, Општина Дебрца. Во несреќата учествуваа комбе и автомобил кои директно се судриле, изјавил за Скопје 1 портапаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
Поради несреќата сообраќајот одреден период бил целосно блокиран во двата правци, поради што се создала голема колона на автомобили.
Во моментов се врши увид.