Хроника

Стјуард од Скопје доживеал страшна несреќа во авион

Стјуард од Скопје доживеал страшна несреќа во авион

Во 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било пријавено дека кај нив било донесено повредено момче.

Се работи за 28-годишниот В.К. од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека В.К. се повредил околу 18.05 часот во авионот.

Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при штои В.К. паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.