Хроника 26. ноември 2018. / 15:28

Стечаен управник на кумановска фирма заработи кривична пријава

Стечаен управник на кумановска фирма заработи кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против штипјанец за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, соопшти МВР.

-На 16.01.2017 година пријавениот, како стечаен управник на фирма во Куманово, извршил продажба на киоск кој бил дел од стечајната маса на стечајниот должник, а кој не евидентирал во стечајна маса на фирмата од Куманово, со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од 41.300 денари, стои во соопштението.