Стара скопјанка запалила оган за да се стопли, па поради невнимание настанал пожар. Според инфомациите на МВР, во понеделникот во 10.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„10“ во с.Инџиково, сопственост на Ќ.Т.(64).
Пожарот настанал поради невнимание при палење ќумбе од неговата мајка С.Т.(86). Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.