Хроника 27. декември 2020. / 14:24

Советник на вицепремиерот Груби фатен во Ѓорче Петров со две пакетчиња дрога

Советник на вицепремиерот Груби фатен во Ѓорче Петров со две пакетчиња дрога

Познатиот албански пејач Шпат Касапи од неодама е советник на вицепремиерот Артан Груби. Шпат ќе го советува Артан за култура и општество. Тој има 35 години и e голема звезда на албанската музичка сцена.

Но, Касапи пред еден месец бил фатен со две пакетчиња прашката материја во Ѓорче Петров во близина на СП Планет. Дрогата му била одземена а тој бил приведен, објави Република.