Хроника 16. август 2020. / 21:56

Сопственици на кафуле во Охрид избркале пазарни инспектори при надзор

Сопственици на кафуле во Охрид избркале пазарни инспектори при надзор

Сопственици на кафуле во Охрид не им дозволиле на пазарните инсепктори да извршат надзор синоќа. Инспекторите забележале дека не се почитуваат протоколите во локалот, но и покрај тоа што не ги добиле документите кафулето ќе заработи кривична пријава.

За време на синоќешните редовни инсепекции низ цела држава кривични пријави заработија и две кафулиња во Дебар и 2 локали во Битола.

Деновиве инспекторите не регистрирале класична свадба во рестораните, но се сомневаат дека граѓаните и понатаму прославуваат така што невестите не носат невестински фустани и не се игра, туку се почитуваат протоколите. Свадби се прават и по куќи и дворови, но таму ДПИ не е надлежен да влегува туку полицијата, вели Мери Проја Продановска раководителка на инсепкцискиот надзор.