Сопатничка била тешко повредена кога автомобилот во кој се возела удрил во бетонски ѕид, утрово на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 4.30 часот, во близина на Ростушки мост. Автомобил „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Љ.А. (55) од село Бајрамовци, Центар Жупа, изгубил контрола и удрил во бетонски заштитен sид.
Од ударот со тешки повреди се здобила сопатничка во возилото, Д.М. од Скудриње. По укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше и во болницата во Дебар, таа била пренесена во болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот.