Хроника 10. септември 2018. / 18:53

Сообраќајот на патот Кавадарци-Неготино се одвива по една сообраќајна лента

Сообраќајот на патот Кавадарци-Неготино се одвива по една сообраќајна лента

Сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Неготино, на влезот за село Марена, кој целосно беше во прекин, од 18 часот се одвива наизменично по една лента.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, прекинот беше поради сообраќајна несреќа помежу автомобил и трактор.