Хроника 10. јануари 2021. / 18:32

Сообраќајна незгода на патот Велес – Скопје, почина прилепчанец

Сообраќајна незгода на патот Велес – Скопје, почина прилепчанец

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово околу 09,35 часот на автопатот Велес – Скопје патничко моторно возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управуванo од В.С.(66) од Прилеп во кое сопатник била Д.С.(88) од Прилеп излетало од коловозот.

На местото на настанот починал возачот В.С., додека во Општа болница Велес од доктор на Д.С. и се констатирани повреди.

Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на настанот од јавен обвинител и екипа од СВР Велес, се вели во соопштението од МВР.