Хроника 02. јули 2019. / 10:39

Сообраќајна несреќа во Тетово, повредено и 15 годишно лице

Сообраќајна несреќа во Тетово, повредено и 15 годишно лице

Вчера вечер околу полноќ, автомобил излета од булеварот „В.С. Бато“ во Тетово, при што едно лице на возраст од 15 години е тешко повредено.

На 01.07.2019 година во 23.55 часот на булевар „Видое Смилески-Бато“ во Тетово, Р.Р.(23) од Тетово, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 15 – годишен сопатник од с.Камењане, кој бил пренесен во болницата во Тетово. Со телесни повреди се здобиле сопатниците А.Б.(24) од с.Синиче и М.У.(24) од с.Вешала. Тие, исто така, биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, пренесе Алсат М.