Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи вчера на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, во близина на клучка с.Тремник.
Несреќата се случила помеѓу автомобил „хјундаи“, управуван од Е.К.(40) од с.Тремник, неготинско, и автомобил „фолксваген голф“, управуван од М.Н.(51) од Неготино.
Притоа, Е.К. починал на местото на настанот, а М.Н. починал на патот кон болница. Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино извршиле увид на местото на настанот.