Хроника 25. септември 2018. / 19:00

Сообраќајна несреќа на стариот пат Тетово-Скопје, пет лица повредени

Сообраќајна несреќа на стариот пат Тетово-Скопје, пет лица повредени

Пет лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа на три возила што денеска околу пладне се случила на регионалниот пат Желино-Групчин, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски во сообраќајната несреќа учествувале „голф “ со скопски регистерски таблици управуван од С.А. (74) од скопско Бојане, „фолксфаген туран“ со тетовски таблици што го управувал тетовецот Ш.Г. (57) и „опел“, исто така, со тетовски таблици управуван од З.И. (29) од тетовско Ларце.

Во несреќата возачот на „Голфот“ С.А. се здобил со тешки телесни повреди – скршеница на вратен пршлен и по укажаната помош во тетовската клиничка болница итно бил префрлен на скопските клиники. Двајцата други возачи и двајца сопатници од „туранот“ завршиле со полесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

Екипа од СВР Тетово извршила комплетен увид и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со оваа сообраќајка.