Хроника

Сообраќајна несреќа на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот во прекин

Сообраќајна несреќа на патот Струмица – Ново Село, сообраќајот во прекин

Поради сообраќајна незгода кај исклучокот за селата Дабиље и Босилово во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Ново Село, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму соопштуваат дека сообраќајот е во прекин од 19:40 часот.

Од АМСМ додаваат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.