Хроника 21. октомври 2018. / 14:05

Сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово: Автомобил удри во трактор

Сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово: Автомобил удри во трактор

Сообраќајјна несреќа се случила вчера во 18:30 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово. Во сообраќајна незгода во која се судриле патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистерски таблици, управувано од 31-годишниот Ф.А. од село Буковиќ-скопско и трактор „ИМТ“ со скопски регистерски таблици на кој била прикачена приколка, управуван од 55-годишниот Е.Ј. од село Чајлане-скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.Ј., а со телесни повреди се здобил Ф.А. и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.