Хроника 26. ноември 2020. / 12:17

Сообраќајка во тетовско – повредени три лица меѓу кои и малолетник

Сообраќајка во тетовско – повредени три лица меѓу кои и малолетник

На локалниот пат Ново Село два-Боговиње влера утрото се случил сообраќајна несреќа во која повредени се три лица.

Од МВР информираат дека автомобил „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(39) изгубило контрола и излетало од коловоз.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците М.А.(40) и малолетник, а возачот се здобил со повреди. Тројцата биле пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.