Хроника 13. јануари 2021. / 11:32

Сообраќајка во Охрид: Една жена е тешко повредена

Сообраќајка во Охрид: Една жена е тешко повредена

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 08.55 часот на крстосницата од ул.„7 Ноември“ со ул.„Марко Нестороски“ во Охрид.

Во несреќата учествувале „Рено“, управувано од Т.Ј.(53) од с.Волино, општина Дебрца и „Форд фокус“, управувано од В.Н.(32) од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „рено“ С.Ј., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.