Камион шлепер и автомобил опел учествуваа во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва на влезот во Крива Паланка.
Според очевидци, тешкото товарно возило се движело во правец на Куманово, додека патничкиот автомобил кон Крива Паланка.
Причините за несреќата не се познати и засега нема информации за повредени лица. Поради сообраќајката, влезот и излезот од Крива Паланка во моментот е во прекин до завршување на увидот.