На автопатот Гевгелија-Скопје доцна вечерва се случила сообраќајна несреќа.
Како што соопштија од Авто-мото сојузот на Македонија поради сообраќајната несреќа на автопатот Гевгелија-Скопје, поточно после наплатна рампа Градско, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.
Претходно од АМСМ посочија дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози и возачите треба да возат со приспособена брзина на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови, постои можност и од појава на голомразица.
Од Авто мото-сојузот исто така потестуваат и дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.