Хроника 06. јули 2018. / 10:15

Сообраќајка на патот Македонска Каменица-Кочани однесе во смрт млад Кочанчанец

Сообраќајка на патот Македонска Каменица-Кочани однесе во смрт млад Кочанчанец

На 05.07.2018 година во 15,50 часот на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани во близина на браната “Калиманци“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес Актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М. (60) од Р.Бугарија и патничко моторно возило „Опел Аскона“ без регистерски ознаки, управувано од Б.В. (30) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кочани од каде како итен случај бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 20,50 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Делчево. Во времето од 15,50 до 18,40 часот сообраќајот бил во прекин. Возачот на товарното моторно возило В.М. бил задржан во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.