Хроника 25. јануари 2021. / 12:53

Сообраќајка на патот Демир Хисар-Кичево, повредени се две лица

Сообраќајка на патот Демир Хисар-Кичево, повредени се две лица

На 24.01.2021 во 05.35 во СВР Битола пријавена е сообраќајна незгода на патот Демир Хисар-Кичево во атар на с.Сопотница, Демир Хисар.

Во незгодата патничко моторно возило „поло” со охридски регистарски ознаки управувано од Г.Н(42) од Кичево излетало од коловозот при што возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека совозачот Х.С(41) се здобил со повреди. Увид извршила увидната екипа на Полициска станица Демир Хисар.