Сообраќајна незгода која што се случила после наплатната станица Петровец на автопатот од Скопје кон Куманово, го прекина сообраќајот на оваа делница од 21:15 часот, соопштија од АМСМ.
„Од 21,15 часот поради случена сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово (после наплатна станица Петровец,), а сообраќајот се пренасочува од стара клучка за Аеродром Петровец према Скопје“, велат од АМСМ.
МВР врши увид, и се очекува да излезе со официјално соопштение за сообраќајката.