Хроника 18. April 2019. / 11:10

Сообраќајка кај железничкиот мост во Велес – тројца повредени

Сообраќајка кај железничкиот мост во Велес – тројца повредени

Вчера попладне било пријавено дека во Велес на улицата “Димитар Влахов“ кај железничкиот мост се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Априлија“ со велешки регистерски таблици, управуван од Ѓ.К. (50) од Велес и велосипед „Крос“, управуван од Н.М. (50) од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.М, а Ѓ.К. и сопатничката од мопедот Д.Т. се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на расчистување на случајот.