Хроника 29. јуни 2019. / 16:35

Сообраќајка кај Страцин – повредени две лица

Сообраќајка кај Страцин – повредени две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу пладне на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај месноста Страцин.

– До сообраќајната несреќа дошло поради судир на две патнички моторни возила, марка Цитроен берлинго со скопски регистарски ознаки и Опел Астра со кумановски регистарски таблички. Во незгодата со лесни телесни повреди се здобиле две лица, возачот на едниот автомобил и еден патник, информира портпаролот на СВР Куманово Живкица Чавдаревиќ.

Поради несреќата сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка- Куманово беше во прекин во периодот од 12 до 14 часот и петнаесет минути.