Хроника 07. мај 2018. / 16:41

Сообраќајка кај собрание: Комбе „скокна“ на пешачкиот остров и урна семафор

Сообраќајка кај собрание: Комбе „скокна“ на пешачкиот остров и урна семафор

Пред околу половина час, сообраќајна несреќа се случила на крстосницата кај македонското Собрание во која комбе „Дачија“ завршило на пешачкиот триаголник и го бутнало семафорот.

Полицијата е веќе на местото на несреќата, а заради оваа незгода сообраќајот на овој булевар подолго време се одвивал отежнато.