Хроника 10. февруари 2021. / 15:08

Со тракторот излетал од коловозот: 55-годишен маж почина на местото на незгодата

Со тракторот излетал од коловозот: 55-годишен маж почина на местото на незгодата

На 09.02.2021, во 13.30 часот, во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на регионалниот пат Крива Паланка – с. Огут, на место по име „Падини”, атар на с. Габар, М.Р. (55) од с. Габар, управувајќи трактор „ИМТ 533″, без регистарски ознаки, излетал од коловозот.

На местото на незгодата, М.Р. починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.