Хроника 12. мај 2020. / 11:43

Со тешки телесни повреди двајца моторџии се пренесени во Клинички

Со тешки телесни повреди  двајца моторџии се пренесени во Клинички

На 10.05.2020 во 18.10 часот било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Г.Ѓ.(28) од Скопје, паднал на коловозот.

По незгодата, мотоциклистот и сопатникот Л.Ј.(26) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.