Хроника 09. март 2019. / 11:34

Со тешки повреди 20-годишен моторциклист пренесен во болница

Со тешки повреди 20-годишен моторциклист пренесен во болница

На крстосницата од локалниот пат од с.Просениково за с.Гечерлија-струмичко Н.М.(20) од с.Сарај- струмичко управувајќи моторцикл “Фости ФТ-150“ изгубил контрола и паднал на коловозот. Н.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.