Хроника 23. јануари 2021. / 12:05

Со „Порше“ удрил во 70-годишен пешак, а потоа побегнал

Со „Порше“ удрил во 70-годишен пешак, а потоа побегнал

77-годишен возач, вчера удрил во пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди.

Возачот побегнал од местото на несреќата.

На 22.01.2021 во 13.50 чaсот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(77) од Скопје, удрило во пешакот Б.Х.(70) од Скопје и го напуштило местото. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“, соопштија од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.