Хроника 01. август 2019. / 11:30

Со пиштоли влегле во скопско казино и украле пари

Со пиштоли влегле во скопско казино и украле пари

Две лица минатиот месец ограбиле казино на улицата 12. македонска бригада.Обвинителството соопшти дека едниот од разбојниците е фатен и за него се бара продолжување на претходно определената мерка притвор.

Второто лице кое учествувало во грабежот засега е непознато. Двајцата со пиштоли им се заканиле на двајца вработени и одзеле парични средства во вкупен износ од 126.049 денари.