Полициски службеници вчера го привеле 25-годишниот штипјанец А.М. поради сомнение за извршено разбојништво во аптека на ул. „Маршал Тито“ во Штип.
Околу 11:.45 часот Ѓ.Б.(41) од Штип, вработен во аптеката, пријавил дека штипјанецот А.М.(25) со закана со нож од него одзел пари и лекови.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници и А.М. е приведен во Полициската станица Штип.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.