Во 16.25 часот на крстосница од улиците „Илија Николовски Луј“ и „Глигор Прличев“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган “ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(60) од Битола и мотоцикл „Роад БајкБД 125-5“ без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мотоциклот.
Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола каде има била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.