Вчераутро околу 09 часот на патот село Тополчани – село Клепач, прилепско, Љ.Л. (60) од село Злести, општина Дебарца, управувајќи патничко возило „Цитроен Ц3“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Л. (55) од Охрид. Таа била пренесена во Градска болница Битола каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.