Хроника 13. март 2019. / 13:18

Со автомобил удрил две малолетни деца и побегнал

Со автомобил удрил две малолетни деца и побегнал

Вчера ( 12 март ) околу 13 часот, на улица „168“ во Тетово, патничко возило „киа“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 52-годишниот Ј. С. од тетовска Голема Речица, удрило во две 10-годишни деца ( пешаци ) и веднаш го напуштило местото.

Повредените пешаци со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, а возилото кое ги удрило набрзо е пронајдено и обезбедено.

Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.