Хроника 03. јули 2019. / 18:05

Со автомобил удрил 11-годишно девојче

Со автомобил удрил 11-годишно девојче

На 02.07.2019 година во 19:25 часот на крстосница од улиците „Билбил камен“ и „Кирил Вангелов“ во Битола, М.А.(24) од Битола, управувајќи патничко возило „Форд ескорт“, удрил во велосипед.

Велосипедот бил управуван од 11-годишно девојче од Битола, кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.