Хроника 26. октомври 2020. / 11:55

Со автомобил се забил во бандера на бул. „Словенија“ – Повредени две лица

Со автомобил се забил во бандера на бул. „Словенија“ – Повредени две лица

Вчера во 11 часот се случила сообраќајна несреќа на бул.„Словенија“ во која се повредени две лица.

Од МВР информираат дека А.Н.(28) од Скопје, управувајќи патничко возило „рено твинго“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Д.(21) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.