Вчера во 18 часот и 55 минути на улица ,,Солунска“ во Битола непознато возило управувано од непознато лице удрило во 74- годишниот пешак, С.Т од Битола и го напуштило местото на настанот.
Според МВР, С.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Битола каде му била укажана лекарска помош.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.