Во саботата, во 23,38 часот лице пријавило дека на булевар „Јане Сандански“ имало две повредени лица од кои едното било прободено со нож. Повредените се Т.П. (28) и Д.П.(28) од Скопје. Д.П. со остар предмет е прободен во пределот на градниот кош и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска пак, во 03,23 часот пријавено е дека скопското село Визбегово во бензинска пумпа на „Макпетрол“ две непознати лица со закана со автоматска пушка извршиле разбојништво над вработениот при што одземен е дневниот промет. Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
При вршење на службени дејствија по претходно нарушен јавен реди и мир во сендвичара во населба Илинден денеска околу 01.50 часот двајца полициски службеници биле физички нападнати од страна на К.К.(18) и М.М.(21) двајцата од населба Илинден. Лицата се приведени во Полициска станица Гази Баба. Заради укажување на лекарска помош М.М. е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза”. Се превземаат мерки за расчистување на настанот. За настанот е известена внатрешна контрола.