На граничниот премин Ново Село-Златарево на македонско-бугарската граница поради вчерашниот пожар, во кој изгоре административната зграда од бугарска страна, се пропуштаат само патнички возила. Товарниот сообраќај е во прекин.
Товарните возила се пренасочуваат кон граничните премини Ѓуешево-Деве Баир и Станке Лисичково-Делчево. Во вчерашниот пожар целосно изгоре административната зграда од бугарска страна. Нема повредени лица, но е причинета огромна материјална штета.
Уништени се многу документи. „БГНЕС“ пренесува дека вработените се обиделе да го изгаснат и локализираат пожарот, но не успеале.