Бремена жена се породила во својот стан на ул. „Методија Шаторов Шарло“ во скопски Аеродром, по што изчезнала, сведочат нејзини соседи.
Во зградата во моментов има полиција и брза помош која го нашла новороденчето.
Бебето, според неофицијалните информации, е живо згрижено од службите по што ќе се испитува неговата здравствена состојба. По мајката се трага.