Хроника 25. April 2019. / 12:09

Скопје: Излетал со автомобил и удрил во пешак

Скопје: Излетал со автомобил и удрил во пешак

На скопската улица „Јадранска магистрала“ вчера во попладневните часови, автомобил „опел астра“ управуван од 34-годишен скопјанец, излетал од коловозот и удрил во пешак на возраст од 58 години.

Од ударот, пешакот се здобил со повреди, но потешко бил повреден возачот на автомобилот.

Двајцата со брза помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.