Хроника 19. декември 2018. / 10:56

Скопјанка украла злато вредно 120.000 денари

Скопјанка украла злато вредно 120.000 денари

Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(22) од Скопје поради основи на сомнение дека извршила кривично дело „тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Имено, како што информира МВР, на 15-ти август минатата година во куќа на улица „Франц Прешерн“ во Скопје пријавената насилно со употреба на подесен алат делувала на влезната врата, влегла внатре и одзела разновиден златен и сребрен накит и мобилен телефон.

По преземени мерки и активности констатирано е дека С.Д. е сторител на кривично дело и на 13-ти овој месец е лишена од слобода.