На 13.09.2018 година во 17.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, К.С.(35) од Скопје пријавила дека во лимот од настрешницата во дворот удрил испукан проектил непознат калибар, кој направил дупка. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.