Хроника 18. август 2018. / 11:11

Скопјани нападнати и искасани од кучиња скитници

Во МВР двајца мажи и една жена пријавиле дека вчера биле нападнати и искасани од кучиња скитници.

Вчера во 17.00 часот во Полициска станица Центар П.К.(29) од Скопје пријавил дека на 13.08.2018 година околу 10.00 часот на улица “Македонија” бил нападнат од глутница кучиња (скитници) и од едно бил каснат во пределот на десната потколеница.

Вториот случај бил пријавен во 14.50 часот во Полициска станица Карпош, М.Ч.(58) од Скопје пријавила дека околу 06.00 часот на булевар “Партизански Одреди” од страна на куче скитник била касната во пределот на левата потколеница.

Маж од Скопје вчера во 11,30 часот во Полициска станица Гази Баба. Љ.К.(58) од Скопје, пријавил дека на 15.08.2018 година во 15,30 часот на улица “Благоја Стевковски” од страна на куче скитник бил каснат на левата нога, соопштуваат од МВР.