Хроника 28. ноември 2019. / 11:31

Скопјанец заработи кривична пријава за расистички статус на „Фејсбук“

Скопјанец заработи кривична пријава за расистички статус на „Фејсбук“

Полицијата поднесе кривична пријава против едно лице од Скопје за објавување на расистички и ксенофобични објави на „Фејсбук“.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до скопското обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Д.(46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Според информациите на МВР, пријавениот објавил статус на „Фејсбук“ на 26 ноември кој бил со расистичка и ксенофобична содржина.