МВР до ОЈО поднесе крвична пријава против 33-годишен скопјанец поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Од полицијата информираат дека по наредба на Основниот суд бил извршен и претрес во домот на пријавениот.
При претресот, велат од МВР, биле пронајдени една полуавтоматска пушка SKS Type 45, десетина куршуми, како и еден патрон за ловна пушка.