Хроника 10. април 2020. / 14:43

Скопјанец заработи кривична поради продажба на неоригинални парфеми

Скопјанец заработи кривична поради продажба на неоригинални парфеми

Полицијата во Скопје поднесе кривична пријава против триесет и седум годишен жител на Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

МВР информира дека пријавениот во текот на 2019 година набавил парфеми со ознаки на заштитени трговски марки, а немал склучено договор со компанијата – сопственик на тие брендови, или со овластени правни лица – застапници на заштитените марки во Македонија.

Лицето нелегално набавените парфеми кои не биле оригинални, имало намера да ги продава на купувачи како да се оригинални, со што сакало да се стекне со противправна имотна корист, информираат од полицијата.