Хроника 07. ноември 2018. / 11:45

Скопјанец уапсен на Скопскиот аеродром и спроведен во „Идризово“

Скопјанец уапсен на Скопскиот аеродром и спроведен во „Идризово“

Службениците на пасошката контрола на скопскиот аеродром идентификувале 37-годишен скопјанец кој се наоѓал на полициската листа за апсење.

Како што информираат од МВР, во попладневните часови на 6 ноември, пасошката контрола го идентификувала З.П. (37) од Скопје.

Кратко потоа, тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Аеродром за спровод до затворот „Идризово“.