Хроника 15. април 2018. / 11:40

Скопјанец тешко повреден во сообраќајка

Скопјанец тешко повреден во сообраќајка

Со возило на Итна медицинска помош двајцата сопатници од возилото „Мерцедес“ -Е.К. (17) и Н.Ш. (24) од с.Визбегово-Скопје, биле пренесени во Ургентен центар -Скопје, каде на Е.К. му се констатирани тешки повреди.

Вчера во 19.00 часот во Шуто Оризари, Скопје се случила сообраќајна незгода во која возило „Мерцедес“ со тетовски таблици управувано од О.К. (40) од с.Визбегово-Скопје, удрило во паркирани товарни возила „Ман“ со скопски таблици и работна машина „Липкер-914“.

Со возило на Итна медицинска помош двајцата сопатници од возилото „Мерцедес“ -Е.К. (17) и Н.Ш. (24) од с.Визбегово-Скопје, биле пренесени во Ургентен центар -Скопје, каде на Е.К. му се констатирани тешки повреди и е задржан на понатамошно лекување, а кај Н.Ш. се констатирани телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.