Хроника 20. јуни 2019. / 17:17

Скопјанец со велосипед им ги кинел од вратот златните ланчиња

Скопјанец со велосипед им ги кинел од вратот златните ланчиња

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за сторено кривично дело тешка кражба.

Обвинетиот во текот на мај и јуни годинава, соопшти денеска ЈО, движејќи се со велосипед се приближувал до оштетените и на разминување со нив им ги кинел од вратот златните ланчиња, по што веднаш се оддалечувал во непознат правец.

Со поднесеното обвинение, обвинителството до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи, се посочува во соопштението од ЈО.