Во 13,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улица „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено Клио“ со скопски регистерски таблици управувано од 30-годишниот М.М. од Скопје и Мопед „Јијинг“ со скопски регистерски таблици управуван од 25-годишниот Ј.А. од Скопје.
Во незгодата со повреди се задобиле возачот и сопатничката на мопедот, 19-годишната Н.И. кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде кај Ј.А. од страна на лекар биле констатирани телесни повреди додека кај Н.И. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.